За нас

Успехот не е самостојно патување, според тоа, убедени сме дека сите наши клиенти и партнери играат витална улога во нашата успешна приказна. Нивната доверба и лојалност во текот на годините се клучот за нашиот успех. Целосното наше вложување е насочено кон внимателното негување на лојалните односи со нив - бидејќи нивното задоволство е нашиот двигател.
Компанијата успешно работи во областа на текстилната индустрија изминатите 25 години. Денес, таа брои 220 вработени - квалификувани и компетентни за извршување на најсложените операции во текстилното конфекционирање, обезбедувајќи производи со врвен квалитет.


Пазар

Нашата модната конфекција освен на домашниот пазар е присутна на пазарите во поранешните југословенски републики како и Англија, Шпанија, Германија, Швајцарија, Италија, Холандија, Словенија, Хрватска и други европски држави со производи преку доработка и со други облици на конфекционирање на текстилни ткаенини. Согласно европските регулативи, нашата компанија и производи поседуваат CE ознака која потврдува дека нашите производите ги исполнуваат здравствените, безбедносните и еколошките барања на ЕУ, со кои се осигурува безбедноста на потрошувачите.

Развојни потенцијали

Една од најважните работи за нас е постојаното инвестирање и модернизацијата на производниот процес, како и зголемувањето на квалитетот на производите со што ќе се овозможи освојување на нови пазари.

Награди и признанија

Компанијата е добитник на повеќе меѓународни и домашни награди и признанија за успешно и долгогодишно работење во својата област.

 

Teл: +389 072 212 852 E-mail: contact@uniformi.mk

COPYPRIGHT © UNIFORM 2015. ALL RIGHTS RESERVED.